Анчелоти ќе му помага на некогаш „својот“ Милан…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти очигледно не го заборавил Милан, со оглед на тоа дека е подготвен да се откаже од еден од своите играчи за да му помогне на клубот од „Сан Сиро“.

Имено, „Росонерите“ останаа без Лукас Билја на долг временски период, искусниот Аргентинец доживеа непријатна повреда и потребно е да се пронајде негова соодветна замена.

Милан судејќи по се истата ја пронајде на „Сан Паоло“, а во прашање е талентираниот Амада Дијавара.

Младиот заден играч за врска не е во плановите на Анчелоти оваа сезона, запиша само четири настапи во Серија А оваа сезона, па и самиот фудбалер би можел да прифати да ја промени средината.

Идејата е Дијавара да замине на позајмица на „Сан Сиро“ во јануари, до крајот на сезоната, а конечниот суд ќе го даде Карло Анчелоти.

Како што стојат работите, „Росонерите“ би можеле да добијат вредно засилување во јануари, но ќе зависи се и од УЕФА, бидејќи поради финансискиот фер плеј се наоѓаат под надзор на Унијата на фудбалските асоциации.