Реал Мадрид ги посакува ѕвездите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот весник „Сан“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид се заинтересирани своите редови да ги засилат со најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

„Кралскиот клуб“ ќе понуди „само“ 50 милиони фунти за услугите на Маркус Рашфорд, додека пак за данскиот репрезентативец на Тотенхем ќе му испрати понуда од 40 милиони фунти.

Рашфорд не е баш константен од првата минута во Манчестер Јунајтед, но е играчот кој има најмногу натпревари зад своето име на „Олд Трафорд“. За разлика од него, пак, Ериксен е незаменлива алка во составот на Маурисио Покетино.