Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот Алекс Сандро е еден од фудбалерите кои би можел да го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок, уверени се медиумите во Италија.
Сандро со заминување од Јуве се поврзува со месеци пред преодниот рок воопшто да започне, а судејќи според написите на медиумите во Италија, наредна станица во неговата кариера би можела да биде Англија.
Додатно „крена прашина“ и неговата изјава со која навлече потенцијални купци да размислат за негово купување.
„Би сакал да играм во Англија, во Премиер лигата“, изјави Сандро, говорејќи околу тоа каде се гледа во иднина.
За Сандро во изминатиот период беа заинтересирани Челси и Манчестер Јунајтед, па оваа изјава ќе биде доволна за медиумите на Островот да започнат да зборуваат за негов трансфер, а во прилг на тоа оди и фактот дека тој не го продолжи договорот со Јувентус.