Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После веста дека Роналдо не е меѓу оние тројца фудбалери кои се во конкуренција за ,,Златна топка” во италија се крена голема врева.
Јувентус кој е наклонет кон ,,Тутоспорт” на насловна страна го поставува прашањето ,,Кој е Варан” додека ,,Коријере дело Спорт” констатира дека ова е голем удар за Роналдо.
Л’екип наводно со видео откри или наговести дека во конкуренција се Модриќ, Варан и Мбапе но подоцна се појавија информации дека Гризман влезе во конкуренција но и дека Варан ќе ја добие златната топка.
Како и да е, прилично е сигурно дека ниту Роналдо ниту Меси нема да ја добијат златната топка, односно таа ќе биде во рацете на нов ,,сопственик” прв пат од 2007 година.
Јасно, на Апенините навиваат за Роналдо бидејќи премина во Јуве, но навистина е дискутабилно што тој не е меѓу топ тројвцата фудбалери.
Она што е сигурно е дека тој нема да оди на церемонијата која е закажана за на 3ти декември, а во Италија тврдат дека сето ова е освета на Реал кон најдобриот играч на светот кој ги напушти минатото лето.