Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола порача дека во динина би сакал да тренира некоја репрезентација.
Иако Пеп сигурно го чекаат уште многу години на клупата на Граѓаните, тој изрази желба еден ден да превземе некоја репрезентација, а причината за тоа е слободното време за играње голф.
„Би сакал да бидам тренер на некоја репрезентација. Да, навистина би го сакал тоа, бидејќи ќе бидам вклучен во фудбалот, но да речеме на секои три дена. Така би имал време и за голф“, рече Пеп и додаде:
„Порано или подоцна тоа ќе се случи. Секако доколку некој ме сака на таа позиција“.
Да потсетине, Гвардила во досегашната кариера водеше три клуба, Барселона, Баерн и Манчестер Сити, а на клупата на Граѓаните е од летото 2016. година.