„Тајсон Фјури ќе го нокаутира Вајлдер до шесттата рунда“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Дионтеј Вајлдер на 1ви декември ќе ја брани титулата WBC првак во тешка категорија против Тајсон Фјури.

Ќе биде тоа дуел меѓу двајца непоразени боксери кои се на самиот врв во тешка категорија, а британецот Дејв Ален тврди дка Фјури ќе го нокаутира Вајлдер до шесттата рунда.

,,Мене Фјури може да ме победи со само една рака иако и јас не сум лош боксер. тој едноставно е навистина добар. Со години зборувам дека Фјури е најголем играч со кој некогаш сум бил во рингот”- рече Ален и додаде:

,Да бидам искрен, мислам дека Фјури ужива да нанесува болка. Би можел лесно да ги завршува натпреварите но тој ужива во боксот и сака да ги нервира луѓето”- истакна Ален.

Фјури во 2015 година го порази големиот Владимир Кличко и после тоа тешката категорија прилично оживеа, но потоа кариерата ја стави во втор план со падот на допинг тестот и психичките проблеми.