Ди Франческо доби ултиматум кој тешко ќе го исполни


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома утре на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Реал Мадрид во рамките на петото коло од групната фаза во рамките на Лигата на шампионите.

Римскиот клуб се наоѓа во многу лоша форма во последно време, а екипата додатно ја здрма поразот против Удинезе минатиот викенд. На удар на италјанската јавност најмногу се наоѓа тренерот на екипата Еусебио Ди Франческо кој наводно е под голем притисок пред утрешниот меч против Реал Мадрид.

Според пишувањето на медиумите на Апенините, челниците на Рома полека го губат трпението со Ди Франческо и не би било изненадување доколку добие отказ.

Наводно, Ди Франческо вчера одбивал разговор со челниците на клубот кои му дале ултиматум дека мора да извлече позитивни резултатите на наредните два натпревари.

Првиот натпревар Рома го игра веќе утре против Реал Мадрид , а наредниот викенд ги очекува уште едно големо дерби во рамките на Серија А против Интер.

Навистина тешка задача пред Ди Франческо но и испит за зрелост за екипата на Рома