Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона утре ќе играат во гости против ПСВ во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампиони.
Каталонскиот клуб веќе го осигура своето место во наредната фаза од ова натпреварување, но сигурно во Ајндховен ќе патуваат по уште една победа.
Ернесто Валверде после натпреварот против Атлетико Мадрид се најде во големи проблеми бидејќи неколку важни играчи од овој тим се здобија со повреди.
Дербито во Мадрид беше кобно за Рафиња и Серхи Роберто, а вчера е соопштено и дека против ПСВ нема да игра и Луис Суарез поради повреда на десното колено.
Покрај нив Валверде нема да може да смета на Архур и Цилесен кои исто така се жалат на повреда и ова ќе биде навистина голем испит за Валверде.
Шпанските емдиуми пренесуваат дека Валверде најголем проблем има на позицијата десен бек каде може да смета само на Нелсон Семед. Наводно лесно би можело да се случи утре за првиот тим да дебитира младиот Муса Ваге кој е приклучен од Б екипата на каталонскиот клуб.
Овој 20 годишен Сенегалец се најде на списокот за овој меч, а Мундо Депортиво пренесува дека не е невозможно да го започне натпреварот дури и од првата минута. За него тоа би било сигурно неочекувана прилика да се докаже на големата сцена.