Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа е воодушевен поради доаѓањето на Пол Погба.
Погба неодамна потпиша за Манчестер Јунајтед, кој на Јувентус на име оштета исплати вртоглави 89 милиони фунти.
Дваесет и три годишниот веќе играше за Јунајтед пред што во 2012 година кога премина во Јувентус.
Сега се врати, и со Златан Ибрахимовиќш се најголеми засилувања на Јунајтед.
„Мислам дека Погба е нешто посебно. Потпиша за нашиот клуб, тој овде веќе играше и сега се врати тома. Чувствува дека е негов дом и сите сме многу среќни што повторно е во Манчестер.
Изгледа како никогаш да не го напушти Манчестер“, изјави Де Геа во интервјуто за МУТВ.
„Добро е да имате комбинација на млади и искусни играчи. Тоа е она што моментално го има Јунајтред и тоа е добро за младите играчи, кои уште полесно и побрзо ќе напредуваат со овие постарите“, смета шпанскиот голман.