Перез мисли на иднината: Реал Мадрид „украде“ млада ѕвезда од Манчестер сити


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Реал Мадрид договори уште еден талент, а по суперталентираните Винисиус Жуниор и Родриго Гоас, Флорентино Перез наводно го убедил Браин Дијас од Манчестер сити.

Шпанскиот фудбалер има 19 години и Пеп Гвардиола во него има голема надеж. Дијас е голем талент заедно со Фил Фоден и неколку пати Гвардиола кажа дека ќе смета на него во иднина.

Сепак, Шпанецот очигледно не верувал во тие ветувања, а исто така му било тешко да го одби повикот од Реал Мадрид.

Дијас од први јануари ќе потпише преддоговор со „кралевите“, а наредното лето ќе се пресели во Мадрид како слободен фудбалер.

Постои опција Реал да го ангажира уште во јануари, доколку платат одредена сума за него.