Мауро Икарди прогласен за најдобар играч во Серија А во изминатата сезона


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Асоцијацијата на фудбалери во Италија вчера бираше најдобри фудбалери за изминатата сезона, а според очекувањата најмногу награди отидоа во рацете на играчите на Јувентус.

Она што ја изненади јавноста во Италија е дека за најдобар фудбалер во сезоната 2017/18 беше избран напаѓачот на Интер, Мауро Икарди. Овој 25 годишен Аргентинец брилијираше минатата сезона кога на 34 натпревари во Серија А постигна дури 29 голови и заедно со Имобиле беше најдобар стрелец во лигата.

Двајцата напаѓачи се најдоа во тимот на сезоната, но на крајот наградата за најдобар играч отиде кај Икарди.

Инаку во тимот на сезоната се наоѓаат: Алисон (Рома), Кансело (Интер), Кулибали (Наполи), Киелини (Јувебнтус), Алекс Сандро (Јувентус), Милинковиќ Савиќ (Лацио), Нианголан (Рома), Дибала (Јувентус), Икарди (Интер), Имобиле (Лацио).