Цезар Аспиликуета го продолжи договорот со Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Цезар Аспиликуета официјално го продолжи договорот до 2022. годината.

Тој во 2012. година пристигна „на мала врата“ во Челси од Марсеј, а со годините прерасна во капитен и сега може да се каже дека е една од легендите на овој клуб.

Два настапи недостасуват за Аспиликуета  да дојде до цифра од 300 одиграни натпревари за Челси и така ќе стане седмиот странски фудбалер со такво достигнување во Челси. На досегашните 298, овој десен бек има постигнато осум голови и 36 асистенции.

„Цезар е еден од нашите најдолговечни фудбалери и неговиот професионализам е нешто што нас не воодушевува сиве овие години. Ова продолжување на договорот значи дека Аспиликуета ќе помине полна деценија во Челси, а се надеваме дека во наредните четири години ќе има големи успеси како и до сега“, рече клупската директорка Марина Грановскаја.

Аспиликуета (29) има освоено две титули во Премиер лигата, по еден ФА куп Лига куп и Европската лига.