Откриено кога Надал ќе се врати на тениските турнири


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал дефинитивно ќе се врати на тениските терени на почетокот на наредната година.

По големите проблеми со повреди, кои ги имаше на крајот на минатата сезона, поранешниот најдобар тенисер ќе настапува на првиот грен-слем турнир во новата сезона, Австралијан Опен.

Оваа информација за странските медиуми ја пренесе извршниот директор на Австралијан Опен, Крег Тили.

„Во контакт сме со Надал, кој е подготвен да се врати во врвна форма“, кажа Тили.

Да потсетиме, Надал пропушти неколку турнири на крајот на минтата година, па падна на втората позиција на АТП-листата и има околу 1.500 бодови помалку од големиот ривал Новак Ѓоковиќ.