ПСЖ со официјално соопштение одговори на шпекулациите кои го поврзуваа Нејмар со заминување од клубот

Од редовите на ПСЖ издадоа официјално соопштение со кое тврдат дека немаат никаква намера да ги продаваат ѕвездите на клубот како Нејмар и Мбапе.

Францускиот „Л’Екип“ пренесе дека од ПСЖ ги разгледуваат сите опции со цел да ја избегнат истрагата од УЕФА за Финансискиот фер плеј, а меѓу опциите била и продажбата на најголемите ѕвезди.

Но, францускиот шампион ги посочи овие вести како погрешни и смешни кои најверојатно можат да донесат тензии помеѓу весникот и клубот.