Со Анри нема трте мрте: Французинот ептен ги научил фудбалерите на дисциплина (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Тјери Анри не го предводи најдобро Монако на почетокот на тренерската кариера, откако неговата екипа не може да пронајде вистинска форма.

Монако по 16 одиграни натпревари е на претпоследното место со само 13 бодови и многумина се сигурни дека гигантот ќе се бори за опстанок сезонава. Иако „Кнезовите“ пред неколку години беа шампиони на Франција, сезонава ништо не им оди по план.

Анри неодамна беше избран за тренер, но веднаш не можеше да донесе резултати. Но, тоа што го донесе веднаш е дисциплина и тоа дури и за ситници.

На прес-конференција на Монако пред мечот во Лигата на шампиони со Анри на прашањата на новинарите одговараше и Бенето Бадиашил. По завршувањето тргна кон излезот, но тренерот го натера да се врати и да ја намести столицата.