Милан се спаси во последен момент: Силва, сепак, ќе им донесе заработка!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот напаѓач Андре Силва во 2017 година стигна како големо засилување во Милан од Порто, но потоа замина на позајмица во Севилја.

„Росонерите“ не штедеа за младиот напаѓач, кој имаше голем број понуди. Италијанскиот клуб се договори со Порто, а Силва се пресели на „Сан Сиро“ за 38 милиони евра.

Иако очекуваа многу од него, сепак во првата сезона во Милано не се прилагоди и не импресионираше никого, па голем дел од натпреварите ги почна од клупата за резервни фудбалери. Поради тоа Милан реши летово да го испрати на позајмица во Севилја.

Силва во шпанскиот клуб игра фантастично, па постигна веќе неколку голови, а очигледно „росонерите“ ќе заработат од неговиот нареден трансфер бидејќи позајмицата изнесува четири милиони евра, а откупот на договорот уште 39 милиони евра, а тоа италијанскиот клуб ќе добие пет милиони евра, отколку што го платија.