Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мемфис Гризлис, Вашингот Визардс и Феникс Санс пред неколку дена договарале трејд на неколку кошаркари кој на крајот пропаднал поради неверојатна грешка
Имено, Санси имале намера да се решат од Тревор Ариза кој летото стигна како големо засилување, но не ги оправда очекувањата. Санси беа во договор со Вашингон каде Ариза требаше да оди, а во спротивен правец да дојде Остин Риверс, Вејн Шелдон и Дилон Брукс.
Во сево ова биле вклучени и Мемфис каде требало да отиде Кели Убре Јр. но се пропаднало поради неверојатно недоразбирање бидејќи Санси и Гризлис мислеле на потполно различни кошаркари.
Имено, Санси очекувале во нивниот тим да се најде Дилон Брукс, додека Мемфис верувале дека таму го праќаат Маршон Броокс. Трејдот пропаднал кога сфатиле дека се работи за различни кошаркари кои носат исто презиме.
На крајот Гризлис излегол од трејдот, а работа завршиле Санс и Визардси, Ариза сега е член на Вашингтон, додека Санси не успеаа да ги добијат Риверс и Убре Јуниор.