Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матијас де Лит, 19-годишниот стопер и капитен на Ајакс, е освојувач на престижната награда за најдобар млад фудбалер, кој италијански „Тутоспорт“ ја доделува на најдобриот европски фудбалер до 21 година.
Младиот фудбалер на Ајакс, зза кој одигра 89 натпревари, додека за сениорската репрезентација на Холандија одигра 13 меча, е прв дефанзивец, кој ја освоил наградата.
Минатата година таа награда ја освои Килијан Мбапе, а финалисти беа Де Лит, Џастин Клајверт, Трент Александер-Арнолд, Винисиус Жуниор и Патрик Кутроне.
Де Лит се очекува во лето да биде продаден во некој европски гигант, а се проценува на 60 милиони евра, додека интерес покажаа Барселона, Јувентус, Баерн Минхен и ПСЖ.