Лондонско дерби на трансфер-маркетот: Челси и Тотнем заинтересирани за фудбалер на Баерн!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси и Тотнем водат голема битка за дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс, барем така пишува германски „Билд“.

Англичаните се заинтересирани за фудбалерот на Баерн, а неговиот агент Марк Косицке, кој разговарал со Челси и Тотнем.

Во секој случај, претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кажа дека поранешниот дефанзивец на Борусија Дортмунд ќе остане до крајот на договорот, односно 2021 година.

„Ние разговаравме во претходните денови и тој ќе игра за Баерн и во втората половина од сезоната“, кажа Румениге.