„Биковите“ продолжуваат да купуваат, стигна и поранешниот пулен на Миха!

Торино не запира со засилувањата пред почетокот на сезоната.

Екипата на Торино има високи амбиции во новата сезоната, го доведоа Синиша Михајловиќ во намерата да изборат европски натпреварувања, а денеска стигнаа две нови засилувања.

Ви пишувавме за Леонардо Кастан, фудбалер кој стигна од Рома и кој игра на позиција стопер, а сега стигна и Лоренцо Де Силветри.

Досегашниот фудбалер на Сампдорија потпиша договор денеска со Торино, па Биковите доведоа уште еден фудбалер кој треба да добие место во стартниот состав.

Михајловиќ е добро запознаен со квалитетите на Лоренцо Де Силвестри, десен бек, па веројатно лесно ќе се вклопи во составот.

Де Силвестри одигра и 6 мечеви за репрезентацијата на Италија, а досега играше за Лацио, Фиорентина и Сампдорија.