И Јувентус влегува во трката за најдобриот млад светски играч


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека од редовите на Јувентус ќе се обидат да им ги замрсат сметките на Каталонците и „пред нос“ да им го грабнат холандскиот фудбалер, Матијс Де Лигт.

Де Лигт неодамна ја доби наградата „Златно момче“ за 2018 година која се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот.

Клубот од Торино размислува за иднината затоа што актуелните први избори за стоперските позиции се веќе во одминати години.

Јувентус планира да упати понуда од 75 милиони евра за холандскиот интернационалец, а од Ајакс ќе го бараат младиот напаѓач на Јувентус, Моисес Кин како дел од договорот.