Доминациј на Микаела Шифрин до 50. триумф во кариерата


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Микаела Шифрин е победничка на слаломот кој денес се возеше во француски Коршевел.

Фантастичната Американка до 50. победа во кариерата стигна со вкупно време 1:36.72 о славеше пред Словачката Петра Влхова која зад Шифрин доцнеше 29 стотинки.

На победничкиот пиедестал се најде и Швеѓанката Фрида Хансдотер која имаше најдобар резултат во втората трка и од петтата стигна до третата позиција.

Сепак, Шифрин и денес покажа дека навистина е одлична и дека само повреда може да ја сопре на патот кон новата титула најдобра скијачка на светот.

Шифрин убедливо е прва во вкупниот скор на Светскиот куп со 889 бодови, пред Влхова со 388 бодови, и Мовинкел со 367 бодови.