Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На „Вила парк“ беа забележани две различни полувремиња, односно во првото доминираа домаќините и имаа предност од 2-0, но во второто полувреме следуваше пресврт и триумф за Лидс и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски до 3-2.
Тами Абрахам погоди за 1-0 во петтата минута од мечот по додавањето на Мекгин, а на 2-0 зголеми Хурахан во 17. минута.
Сепак, во вторите 45 минути доминираше само Лидс. Гостите преку Кларк и Јансон израмнија до 61. минута во дуелот, па потоа тргнаа и по целиот плен. Во 95. минута Руф им донесе три бодови на фудбалерите на Марсело Биелса.
Во моментов Лидс е прв со 48 бодови, односно еден повеќе од второпласираниот Норвич.