Претседателот на италијанскиот сојуз најави: Серија А ќе биде суспендирана!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гарвина порача дека се разгледува можноста да се прекине првенството по синоќешните случувања пред и во текот на мечот меѓу Интер и Наполи.

Многу немили сцени беа забележани синоќа, а еден навивач на Интер почина, откако бил прегазен од комбе со навивачи на Наполи, додека четири фанови на клубот од Неапол биле избодени со нож.

„Дали ќе го прекинеме првенството? Уште не знам, но постои голема можност да направиме и таков чекор. Ова што се случува, не може да го толерираме. Атмосферата е лоша и мораме да се обидеме да ја смириме до викендот. Ако треба, ќе го одложиме и наредното коло“, кажа Гарвина.

Да потсетиме, Интер синоќа на „Џузепе Меаца“ успеа да го победи наполи со гол во 91. минута.