Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спалети и понатаму ќе седи на клупата на Интер, иако последните неколку денови се појавија информации дека клубот ќе го превземе Мурињо.
Мурињо неодамна се раздели со Манчестер Јунајтед и моментално е без ангажман, додека Спалети е под голем притисок кај новиот сопственик на Интер.
„Мурињо? Не ме изненадува што зборуваме за него во време кога медиумите и сите други мораат да зборуваат нешто. Ние работи на рационален начин. Нашиот проект со Спалети трае година ипол и ќе продолжиме заедно уште многу години“, истакна спортскиот директор на Интер Пиеро Аусило.
Интер моментално се наоѓа на третата позиција во Серија А со 39 освоени бодови, но не успеаа да се пласираат в осмина финалето од ЛШ.