Грчкиот ѕвер Антетокумпо имаше монструозно забивање против Детроит (ВИДЕО)

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо имаше неверојатно забивање на натпреварот на Милвоки против Детроит.

Пред крајот на првата четвртина, грчкиот ѕвер со одличен дриблинг помина двајца противници и потоа тргна кон кошот.

Пред него беше Јон Лојер, но иако е висок два метри, сепак не успеа да го запре Антетокумпо.

Инаку, Гркот го заврши натпреварот со 15 постигнати поени, но имаше и мала минутажа.