Погба избран за најдобар фудбалер на Јунајтед за декември (ФОТО)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба како да се препороди по заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција, па беше избран за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за декември.

Погба очигледно е најсреќниот фудбалер во Манчестер поради заминувањето на Португалецот, па во последните три меча во 2018 година постигна четири гола и три асистенции.

Инаку, Погба претходно во декември не успеа да постигне ниту еден гол и асистенција, па јасно е дека му одговара стилот на игра, кој го негува Оле Гунар Солскјер.