Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците му се намерачија на крилниот фудбалер на Челси, Калум Хадсон-Одои и повеќе нема дилема дека ќе направат се веќе во јануарскиот преоден рок да го доведат овој талентиран играч на „Алијанц Арена“.
„Скај Спорт“ пренесува дека Баерн по две одбиени понуди денес упати и трета, која „тежи“ за околу 10 милиони евра повеќе во однос на претходната.
Германскиот шампион најпрво понуди 15 милиони евра, потоа 22 милиони, а најновата понуда е тешка 33 милиони евра.
Она што најновата понуда дополнително ја прави примамлива се клаузулите според кои Челси би можел да заработи дополнителна сума во иднина, но нема детали за која сума на пари се работи и што е неопходно да се оствари за клаузулите да бидат активирани.
Калум Хадсон-Одои има уште година и половина договор со Челси, а вчера дозна дека на лето ќе пристигне голема конкуренција во ликот на Кристијан Пулишиќ. Токму тоа би можело да влијае на одлуката за решение на реализација на трансферот.
Хадсон-Одои од пристигнувањето на Маурисио Сари запиша само шест настапи во дресот на Челси, а во средата вечерта не беше ниту на клупата за дуелот со Саутемптон.