Селта ја одреди цената за Нолито

Шпанскиот фудбалер Нолито ова лето сигурно ќе замине од Селта, порача претседателот на клубот Карлос Мурињо.
Овој 29 годишен напаѓач во Селта пристигна во 2013 година од Граната и за овој шпански клуб постигна 39 погодоци на 103 натпревари.

Нолито посебно блескаше во неодамна завршената сезона во која одигра 29 натпревари и постигна 12 погодоци и запиша седум асистенции, а интерес за него покажаа бројни европски клубови.

“Нолито одигра одлична сезона и покажа со каков квалитет располага. Мислам дека тој нас ќе не напушти, а неговата цена е позната. Во договорот има откупна клазула која изнесува 18 милиони евра и секој клуб кој ќе ја понуди таа сума може да го доведе без никаков проблем”- изјави претседателот на клубот.

Најсериозен кандидат за доведување на шпанскиот репрезентативец е Манчестер Сити, иако претходно многу се шпекулираше за негов трансфер на “Ноу Камп”.