Врсаљко веќе се сели од Милано?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако се верува на пишувањата на италијанските медиуми, Шиме Врсаљко веќе во јануари би можел да го напушти Интер.

Овој репрезентативец на Хрватска пристигна на Меаца минатото лето како позајмен играч од Атлетико, а како што пренесува Раи Уно, челниците на Интер се откажале од негово купување и радо би го вратиле во шпанскиот клуб.

Причина за ова се хроничните повреди на коленото, поради што пропушти неколку натпревари во изминатата сезона, а италијанците веќе наголемо шпекулираат каде ќе продолжи кариерата на Врсаљко.

Наводно челниците на Атлетико сакаат да го продадат или да го пуштат на позајмица во редовите на конкурентот на интер, екипата на Наполи. Шпанскиот клуб би сакал во своите редови да го види 24 годишниот играч на Наполи, Елсеид Хисај.

Врсаљко сигурно би добил прилика кај Анчелоти доколку го реши проблемот со повредите, додека очигледо Спалети не смета многу на неговите услуги, како ни Симеоне.