Сити ја одреди цената за Харт, има кој да плати?!

Позајмица не доаѓа во предвид, Англичанецот изгледа речиси после речиси цела деценија ќе го напушти Сити!

Англискиот чувар на мрежата после доаѓањето на Гвардиола е понижен, пред се бидејќи слабо игра со нозе, што е услов на шпанскиот тренер. Се пресели на клупата, сега прв голман е Кабаљеро, додека Граѓаните го чекаат Браво од Барселона.

Тоа Харт ќе го фрли во уште подлабока сенка, тој сака да го напушти клубот, но проблем е високата плата и оштетата.

Сити не сака да го пушти на позајмица, бара повеќе од 30 милиони за 29-годишниот голман.

Заинтересиран е Евертон кој го продаде Џон Стоунс на Сити, беа тешки во преговорите околу дефанзивецот, па Карамелите нема да имаат попуст кога Харт е во прашање.

Сепак, англиските медиуми веруваат дека клубовите ќе се договорат, а Евертон ќе му гарантира примања на Харт кој е еден од најплатените голмани на светот.