Великаните останаа со „поткусени ракави“: Де Лихт ја донесе својата конечна одлука?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од трансферот на Матијас Де Лихт во овој преоден рок нема да биде ништо, јавуваат медиумите од Холандија.

Овој веројатно најперспективен стопер на денешницата, веќе со недели се поврзува со заминување од Ајакс, за неговите услуги „загризаа“ бројни великани, но до трансфер барем оваа зима нема да дојде.

Бројни холандски медиуми јавуваат дека де Лихт во договор со челниците на клубот одлучил да остане и да му помогне на Ајакс во битката за титулата во Ерадивизија.

Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Барселона и останатите великани, кои ја водат битката за де Лихт, ќе мораат да го почекаат летото за да се впуштат во битката за трансфер, а се шпекулира дека Ајакс за него одредил цена од 50 милиони евра, цена која не претставува многу за споменатите екипи.

Вреди да се истакне дека Матијас де Лихт нема ниту 20 години, а веќе стигна да одигра 79 натпревари за првиот тим на Ајакс и 11 во дресот на репрезентацијата на Холандија.