Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Третиот тенисер во светот, Роџер Федерер во разговор за швајцарските медиуми кажа дека сите негови рекорди ќе бидат урнати.
Искусниот Швајцарец е сопственик на голем број рекорди во тенисот, а со освојувањето на Австралијан Опен стигна и до првата позиција на АТП-листата.
Тоа беше првпат од 2012 година кога беше прекината неговата доминација. По освојувањето на турнирот во Ротердам стана најстар број еден во светот и го урна рекордот на Андреа Агаси.
„Бев најстар прв тенисер во светот и тоа беше посебно за сите. Тоа никогаш нема да го заборавам. Но, знам дека сите мои рекорди ќе бидат урнати и тоа е во ред“, кажа Федерер.
Федерер на годинешниот Австралијан Опен ќе ја брани титулата освоена минатата година, а во прво коло ќе игра против Денис Истомин.