Абидал и друштвото тргнаа по Нејмар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сагата околу бразилскиот фудбалер Нејмар сигурно ќе заврши во наредните неколку дена и ќе биде познато дали ќе остане во ПСЖ или не.

Тој веќе некое време се поврзува со враќање во Барселона, а дури постојат шпекулации дека можно е да заврши во Реал Мадрид. Но, едно е јасно дека Бразилецот не е среќен во ПСЖ.

Каталонскиот клуб прати веќе неколку понуди до ПСЖ за Нејмар, но францускиот клуб сите понуди ги одби. Тие бараат огромна сума на пари за кого пред две години платија рекордни 222 милиони евра

Меѓутоа, од Барселона не се откажуваат и имаат уште само неклку дена да пробаат да го доведат, бидејќу летниот преоден рок завршува на 2. септември. Новинарот ЏерардРомеро објави утрово дека преставници на Барса тргнале во последен обид да го доведат Нејмар.

Тој на својот Твитер профил објавил дека Ерик Абидал, Оскар Грау, Хавиер Бордар и Андре Гуру во 7.30 утрово отпатувале за Париз со приватен лет, а во 12. ласот би требало да имаат состанкот со челниците на ПСЖ.

После овој состанок конечно би било познато дали Нејмар ќе се врати во Барселона или ќе остане во ПСЖ.