Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот спортски директор на Барселона, Ерик Абидал даде интервју за медиумите и откри како пропаднал трансферот на Нејмар во 2019 година.
Абидал беше спортски директор во каталонскиот гигант во мандатот на Жозеп Марија Бартомеу, па откри што се случувало.
„Десет дена пред крајот на преодниот рок бев во Париз да разговарам со Леонардо, со мене беше и извршниот директор Грау и зборувавме за Нејмар. Мислам дека ако извршниот директор доаѓа во ПСЖ, тоа е затоа што можеме да го потпишеме. Ако претходно не го донесовме Гризман, мислам дека 100 проценти можевме повторно да го потпишеме Нејмар, бидејќи ни беше потребен крилен напаѓач. Меѓутоа, претседателот одлучи да потпише со Гризман“, открива Абидал.
Абидал планирал да го донесе и Маурицио Покетино на „Камп Ноу“ по отказот на Ернесто Валверде, но потоа бил одбиен од страна на Управниот одбор на Барселона.