Абидал наговестува дека Барселона наредното лето нема да штеди на засилувања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, наговести дека каталонскиот тим наредното лето би можел да потроши значителна сума на пари за засилувања.

Веќе некое време се пишува за можни засилувања на Каталонците и во зимскиот, но и во летниот преоден рок,а Абидал потврди дека Барселона ќе има доста работа во очи на почетокот на сезоната 2020/2021.

Она што Барселона најпрво сака да го реши е долгорочна замена за Луис Суарез, а покрај Пјер-Емерик Обамејанг и Лаутаро Мартинез е еден од приоритетите на Абидал.

Сепак, каталонскиот тим сака да се засилува и во одбраната во месеците кои доаѓаат, а Џошуа Кимич од Баерн е прв на листата, покрај Никола Миленковиќ од Фиорентина, Лукас Клостерман од Лајпциг и Андреас Кристенсен од Челси.

Фабиан Руиз е одамна на радарот на Барса која сака да го доведе што поскоро, а се споменува како Вилијан од Челси би можел да пристигне на Камп Ноу откако наредното лето му истекува договорот со лондонскиот клуб.