Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот напаѓач на романскиот гигант Стеауа од Букурешт, Николае Станчиу, може да ги засили редовите на лондонски Челси.
Како што наведува британски Мирор, менаџерот на Сините Антонио Конте, сака на Стенфорд Бриџ да го доведе офанзивецот на романскиот клуб и во наредните денови може да го комплетира овој трансфер.
Тимот од Лондон за услугите на 23-годишниот фудбалер на гигантот од Букурешт ќе понуди шест милиони фунти, па да можеме Романецот од наредната сезона да можеме да го гледаме во Премиер лигата.
Се верува дека Станчиу трансферот во Челси може да го доврши после натпреварот од плеј-офот од Лигата на шампионите, каде што Стеауа ќе игра против Манчестер Сити.
Станчиу е член на Стеауа од 2013 година, а во кариерата уште играше за Униреа, Васлуи.