Абрамович ќе потроши 200 милиони евра за Халанд?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми вчера објавија дека сопственикот на Челси, Роман Абрамович е подготвен да плати неверојатни 200 милиони евра за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Абрамович повторно планира да троши многу пари летово за да создаде моќен тим, а буџетот за трансфери ќе изнесува 300 милиони евра, од кои 200 ќе бидат потрошени токму за Халанд, кој е еден од најдобрите играчи во светот.

За услугите на Халанд се заинтересирани и други гиганти, како што е Реал Мадрид, но очигледно Челси е во фаворитска улога за неговиот потпис.