Адебајор има повик од Италија?


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Островските таблоиди пишуваат дека контровезниот Тоганец во наредната сезона може да го гледаме во Серија А.

Емануел Адебајор е слободен агент е во потрага за нов предизвик во кариерата.

„Дејли Стар“ во денешното издание пишува декиа неговата наредна дестинација може да биде Каљари, но нема прецизна информација за интересот од Сардинија и оваа вест е од шпекулативен карактер.

Доаѓањето во Италија ќе биде новост за 32-годишниот напаѓач кој во текот на кариерата настапуваше во Франција (Мец, Монако), Англија (Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Кристал Палас) и Шпанија (Реал Мадрид).

Тоганецот вториот дел од минатата сезона ја помина во Палас, на почетокот на оваа година потпиша краткорочен договор со Орлите од јужен Лондон, но управата на клубот од Селхарст пар не му понуди продолжување на соработката.