„Адеми е навистина посебен фудбалер, затоа го сакаат сите во Македонија“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Динамо Загреб вчера славеше против Феенорд со 2-0 и така хрватскиот тим обезбеди пласман во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Адеми беше одличен на теренот за Динамо Загреб, па така стана рекордер на хрватскиот тим по настап на европски натпревари. Тој досега настапи на 77 меча.

Адеми доби пофалби и од поранешниот македонски фудбалер Гоце Седлоски, кој даде коментар за хрватски „Вечерњи“.

„Адеми е играч кој секој тренер би го посакал. Го следам навистина долго време и кај него не сум забележал пад на формата. Без разлика кој е ривалот и натпреварувањето тој дава се од себе, затоа е посебен. Неговиот таков однос го препознаа и навивачите во Македонија, затоа го сака цела земја“, кажа Седлоски.