Адеми и Ристовски ги дознаа потенцијалните противници во ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Динамо Загреб ќе се соочи против Омонија во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а на ждрешката во Нион ги дозна и можните противници во третото коло.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски во третото квалификациско коло од ЛШ би можеле да играат против подобриот меѓу тимовите на Легија и Флора.

Динамо во вторник ќе игра на „Максимир“ против тимот од Кипар, а седум дена подоцна ќе гостува во реваншот против Омонија.

Во првото квалификациско коло хрватскиот гигант го елиминираше Валур од Исланд.