Адеми: Севиља нè победи пред шест години, но од тогаш се променети многу работи!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Динамо Загреб ќе се соочи против Севиља во нокаут-фазата од Лигата на Европа, а македонскиот репрезентативец и капитен на хрватскиот тим, Аријан Адеми кажа дека очекуваат тежок меч, иако не исклучи можност за изненадување.

Адеми го најави натпреварот против шпанската екипа и зборуваше за нивниот претходен дуел, кој се одигра во 2016 година.

„Динамо загуби пред шест години, но во меѓувреме тимот се промени и научи да игра такви натпревари. Верувам во нас дека може да постигнеме добри резултати. Ќе се обидеме да обезбедиме добар резултат на гостински терен. Тие имаат подобри индивидуалци, се наоѓаат на второ место во Ла Лига и тоа зборува многу за нив. Ќе биде тежок меч, но ние сме подготвени“, вели Адеми.