Адетокумпо нема да игра на Мундобаскетот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Јанис Адетокумпо најверојатно нема да настапи за Грција на Мундобаскетот во Јапонија, Индонезија и Филипините.

Кошаркарот на Милвоки бакс неодамна имал операција, поради повреда на коленото, па затоа нема да игра за Грција.

Светското првенство ќе почне на 25 август, а голем дел од репрезентациите ќе бидат без своите ѕвезди.

Адетокумпо не сака да ризикува со настап на Мундобаскетот, туку ќе се рехабилитира од повредата и потоа ќе заигра за Милвоки во НБА-лигата.