Агентот ги загреа сомневањата, на повидок голема размена помеѓу Арсенал и Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова ќе биде најдобра работа во летото.

Агентот на Оливие Жиру нема ништо против неговиот клиент кариерата да ја продолжи во Наполи.

Денес се појави информација дека Арсенал е сериозно заинтересиран за Игуаин и дека е спремен во спротивен правец да го испрати Жиру.

„Денес Жиру е фудбалер на Арсенал, но ако клубот побара да си замине, тогаш ќе најдеме решение. Нема сомневање дека Жиру би се согласил на трансфер во Наполи бидејќи сите знаеме дека зборуваме за голем клуб. Наполи е преубав град за живот, а да не зборувам и тоа колку ќе му одговара стилот на игра на Маурисио Сари кој би можел да го извлече најдоброто од него“, изјави Микаел, агентот на Жиру.