Агентот на Бејл се огласи за евентуалната позајмица на неговиот клиент во Баерн Минхен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агентот на фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, Џонатан Барнет истакна дека неговиот клиент нема да си замине од клубот како позајмен фудбалер.

Бејл не е посакуван од Зинедин Зидан и јасно е дека нема да има место за него во тимот на Реал Мадрид следната сезона, но и покрај тоа велшкиот фудбалер не сака да го напушти клубот.

„Има повеќе шанси јас да освојам Аскот награда отколку тој да оди на позајмица. Тоа нема да се случи. Не мислам дека тој сака да оди на позајмица. Има убав живот и дом овде во Шпанија. Треба да се случи нешто исклучително за тој да замине, а позајмиците не се на менито“ –истакна Барнет.