Агентот на Бејл: Вие сте глупави и лоши луѓе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велшкиот репрезентативец Герет Бејл често добива критики од јавноста поради неговите потези надвор од теренот, поради што не добива шанса на теренот за Реал Мадрид.

Бејл сезонава одигра само шест меча за „кралевите“, па затоа шпанските навивачи сакаат што е можно побрзо да биде избркан од екипата.

Репрезентативецот на Велс ќе си замине на крајот на сезоната, а неговиот агент Џонатан Барнет се налути поради критиките и ги навреди.

„Бејл заслужува големо збогување со тимот. Не сме решиле ништо за неговата иднина. Неговите критичари се глупави и лоши луѓе кои никогаш не зборувале со него. Герет го сака Мадрид, го сака клубот и мислам дека само паразитите зборуваат лошо за него“, вели Барнет.