Агентот на Лукаку искрен: Мојот клиент ќе завршеше во Јувентус да не беше Дибала

Белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку бил блиску до премин во Јувентус ова лето, но се пропаднало затоа што Дибала одбил да оди во Манчестер Јунајтед.

Јувентус и Манчестер Јунајтед се договориле за размена на играчите, меѓутоа Аргентинецот одбил да се пресели на „Олд Трафорд“.

„Лукак го носи дресот на Интер, а не тој на Јувентус затоа што Јувентус не успеа да го убеди Дибала да оди во Манчестер Јунајтед. Јувентус стори се за да го добие Лукаку. Тие беа најдобриот клуб организациски, а исто така и фаворити за трофеи. Секоја година освојуваат нешто. Лукаку во Јувентус ќе направеше многу луѓе среќни“ –изјави Федерико Пасторело за „Скај Италија“.