Агентот потврди: Блан заминува од ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лоран Блан следната сезона дефинитивно нема да биде тренер на ПСЖ.

Клубот од “Паркот на принцовите” ги освои сите трофеи во Франција, но во ПСЖ сакаат и успех во Европа, па сопственикот на клубот во намера да создаде конкурентен тим во Лигата на шампионите ќе побара нов тренер.

Тоа за медиумите го потврди и агентот Жан-Пјер Бернаш кој се грижи за кариерата на Блан, истакнувајќи дека до крајот на оваа недела Блан ќе го напушти ПСЖ.

Да потсетиме, Блан во ПСЖ пристигна во 2013 година откако претходно беше селектор на репрезентацијата на Франција и тренер во Бордо.