Агентот потврди, играч на Наполи сака во Челси!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Агентот потврди, играч на Наполи сака во Челси!

Челси го сака одбранбениот играч на Наполи, ќе видиме дали ќе го добие до 31 август.

Наполи не сака да го продолжи договорот со Калиду Кулибали, а овој фудбалер претходно изрази желба да го напушти клубот.

Моментално е на трансфер листата, заинтересирани има многу, а една од таквите е и екипата на Челси која наскоро може да испрати и официјална понуда за дефанзивецот.

„Се одлучивме да заминеме од економски причини“, рече менаџерот на 26-годишниот играч.

„Челси и понатака го сака Кулибали и има време да се договориме за се“, рече тој.

Покрај тоа, тој наведе дека сигурно Кулибали нема да отиде во Јувентус како што тоа го направи Гонзало Игуаин.