Агуеро е во болница – има проблеми со срцето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Серхио Агуеро синоќа мораше да го напушти теренот на мечот меѓу Барселона и Алавес (1-1).

Аргентинецот беше заменет во првото полувреме, откако без никаков контакт, почна да се жали на проблеми со дишењето.

Напаѓачот веднаш бил испратен во болница на дополнителни прегледи, а веќе е јасно дека ќе го пропушти дуелот против Динамо Киев во Лигата на шампиони.

Агуеро, според првите резултати, завршил во болница и морал да биде заменет затоа што имал тахикардија.

Каталонците на претходните три натпревари имаат два порази и едно реми, па се наоѓаат во моментов на деветто место во Ла Лига со 16 бодови.